Собранието е подготвено за експресна седница

0
438

Иницијативата на ДУИ за повлекување на одлуката за распуштање на Собранието не е поднесена пред собранискиот претседател Трајко Вељаноски. Се чека некаква согласност на четирите политички партии. Во Собранието се сите, пратениците, собраниските служби и собраниските известувачи.

Последниве неколку часа најнеизвесно е во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, каде што најпрво беа тројцата европратеници, а потоа и американскиот амбасадор Џес Бејли, кој пред малку замина од штабот. Во штабот влегоа Гордана Јанкуловска и Антонио Милошоски. Се претпоставува дека во тек е седница на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Неофицијално, СДСМ би прифатил датум на избори за 5 јуни ако ВМРО-ДПМНЕ ги прифати предложените реформи на медиумите на белгискиот експерт Питер Ванхојт.

Ако нема согласност од ВМРО-ДПМНЕ, можно е формирање мнозинство од пратениците на СДСМ, ДУИ, ДПА, независните пратеници и пратениците на ДОМ и ДС, кое би требало да ја изгласа иницијативата на ДУИ за отповикување на одлуката за самораспуштање на Собранието донесена на 18 јануари, а која стапува во сила на полноќ. Тоа значи дека нема избори на 24 април.

Во тој случај, не важи веќе договорот за техничка влада, а тоа би значело враќање на политичката  влада на чело со Никола Груевски.

Условните оставки на дополнителните министри и заменик-министри на СДСМ веќе се поднесени. Тие почнуваат да важат ако остане важноста на одлуката дека од полноќ Собранието се самораспушта.

www.mkd.mk

Без коментари

LEAVE A REPLY