Собранието го донесе ребалансот на Буџетот за 2016

0
350

Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 111 седница, со 55 гласа „за“ и 23 „против“ го донесе ребалансот на Буџетот за 2016 година. За буџетот не гласаа пратениците од опозицијата.

Во рамки на неколкудневната општа расправа по предлогот пратениците од СДСМ и други опозициски пратеници истакнаа дека не се согласуваат со предложениот ребаланс зашто во него е содржана и еврообврзницата која, според нив, е незаконски издадена.

Ребалансот на Буџетот предвидува намалување на вкупните приходи од 177,292 милиони денари на 174,291 милион и на вкупните расходи од 196,276 на 195,472 милиони.

Дефицитот е ревидиран од 18,984 на 21,181 милион денари.