Собранието го усвои ребалансот на Буџетот

0
279

Собранието попладнево го усвои ребалансот на Буџетот за 2017 година, со 61 глас „за“, двајца против и ниту еден воздржан.

ВМРО-ДПМНЕ во знак на протест ја напушти собраниската сала и не присуствуваше на гласањето.

Пратеникот Илија Димовски обвини дека тие нема да гласаат за буџетот бидејќи владејачкот мнозинство не покажало демократија и инклузивност, со одбивање на сите поднесени амандмани.

Според министерот за финансии, Драган Тевдовски пак, ребалансот претставува прв чекор кон градење на подобро општество бидејќи тој предвидува ограничувања и кратења поради зголемениот јавен долг.

Според него, ребалансот ги крати непродуктивните трошења на Владата и институциите за 122 милиони денари, но и други расходи за 257 милиони денари.