Собранието ја повлече одлуката за самораспуштање

0
498

На 25 минути пред полноќ почна седницата на Собранието на Македонија. Спикерот Трајко Вељановски соопшти дека министрите и дополнителните зaменици министри на СДСМ кои поднесоа оставки ги повлекле. Единствена точка на дневен ред предлог одлука за изменување на одлуката за распушање на Собранието поднесена од пратениците на ДУИ, поддржана од ДПА и ДОМ.

Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Зоран Илиоски предложи дополнување на дневниот ред со предлог за изменување на изборниот законик по итна постапка.

Горан Сугаревски од СДСМ процедурално. “4 дена Никола Груевски не собра храбост да се појави и да каже дека ги лаже граѓаните. Без прочистен список и без регулација на медиумите не може да има кредибилни избори Не гласавме за одлуката за распуштање, нема ни за оваа одлука да гласаме“, рече Сугаревски.

Процедурално се јави и пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Илија Димовски кој рече дека нема поголем страм од тоа да се бега од избори. „ Ниту еден меѓународен посредник нема да ве заштити од волјата на народот и народот ќе го врати суверенитетот на оваа држава, рече Димовски и додаде дека на 5-ти Јуни со СДСМ или без нив, народот ќе го избере новото Собрание.

Велјановски предупреди дека ако се продолжи со процедурални јавувања ќе помине полноќ.

Немаше расправа за предлогот на ДУИ и поминаа на гласање.  Вкупно 86 пратениции гласаа. Од нив 83 за, воздржани немаше, а тројца беа против.  Со тоа отповикана е одлуката за распуштање на собранието, а 30 минути по полноќ ќе продолжи седницата со втората точка за итна промена на изборниот законик.

Без коментари

LEAVE A REPLY