Собранието ќе гласа за потпретседател од редовите на СДСМ

0
801

Собранието на Република Македонија денеска ќе одржи две седници на кои, меѓудругото, ќе се гласа за предлогот Рената Тренеска Дескоска да биде потпретседател од редовите на СДСМ. Пратениците ќе гласаат и за пополнување на испразнетите места во собраниските комисии и тела.

Пратеникот Горан Мисевски ќе биде претседател на Комисијата за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка за следење на комуникациите од страна на МВР, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана, додека Хари Локвенец на Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање.

Во рамки на 65. седница на дневен ред се и неколку закони во второ читање.

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски за денеска го закажа и продолжението на четвртата седница на која треба да биде констатирано известувањето за повлекувањето на оставките на опозициските пратеници.

Според договорот од Пржино, опозициските пратеници се вклучија во работата на Парламентот на 1 септември.

Без коментари

LEAVE A REPLY