Собранието ќе гласа за разрешувањето на Марко Зврлевски

0
266

Претседателот на Парламентот Талат Џафери најави дека денеска ќе се гласа за предлогот на Владата за разрешување на јавниот обвинител, Марко Зврлевски, откако вчера попладнето пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата повикувајќи се на писмото од Антикорупциската комисија која смета дека во периодот пред изборите не треба да се расправа и да се разрешуваат државни функционери.

Собранието ја почна расправата за разрепувањето на Зврлевски на 12 јули. За Зврлевски да биде разрешен, потребно е 61 пратеник да гласаат „ЗА“.

http://makfax.com.mk

Без коментари