Собранието ќе избира нов министер за финансии

0
461

Пратениците на денешната 106. седница на Собранието треба да ја констатираат оставката на министерот за финансии, Зоран Ставрески, и да изберат нов министер.

На местото на Ставрески доаѓа Кирил Миноски, кој моментално е на челната позиција на Управата за јавни приходи.

Денеска на собранискта седница ќе се разреши и заменичката на министерот за надворешни работи, Драган Кипријанова, а на нејзино место треба да биде избран Илија Исајловски, дипломат од кариера кој сега е амбасадор во Кина.

По завршување на оваа седница, пратениците ќе продолжат со работа на седницата на која се расправа за иницијативата за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов.