Собранието ќе расправа за продолжување на кризната состојба со бегалците

0
184

Собранието на Република Македонија денеска ќе расправа за продолжување на кризната состојба на јужната и северната граница. Според најавите, рокот на продолжување би требало да биде 15.јуни 2016 година.

Со тоа, периодот ги опфаќа и предвремените праламентарни избори во април, но кризната состојба може да се прекине доколку кризата со бегалците се надмине.

Засега јавноста не е информирана каква стратегија има земјава, и нема пресметка за безбедносните ризици, а приоритет е даден на хуманитарното решение на бегалските проблеми.

Предлогот го донесе Владата на РМ на вчерашната седница затоа што денеска истекува првичниот рок од 30 дена на важењето на одлуката за постоење кризна состојба.