Собранието на Македонија ќе гласа за новата влада

0
378

Македонскиот парламент денеска ќе ја продолжи вчера започнатата расправа за новата влада предложена од мандатарот, претседателот на СДСМ Зоран Заев. Тој во вчерашното обраќање најави дека неговиот кабиент ќе биде посветен на економијата и идното члкенство на земјата во НАТО и ЕУ. До денеска на полноќ треба да се гласа за владата. За нејзин избор треба да се изјаснат најмалку 61 пратеник во 120-членото Собрание. Партиите од новата владина коалиција СДСМ, ДУИ и Алијансата за Албанците во Парламентот имаат поддршка од 62 пратеници.