Собранието нема да се оградува

0
176

Македонскиот парламент, сепак, нема да се оградува, тврдат високи собраниски извори за Утрински весник. Според нив, околу собраниската зграда во центарот на Скопје нема да се подигне ограда, иако таков проект е предвиден и во буџетското барање за 2016 година, како и во Стратешкиот план на парламентот за периодот 2016-2018 година.

Буџетскиот совет на парламентот ги усвои овие два документа пред неколку дена, при што за ограда околу законодавниот дом се побаруваат околу 15 милиони денари или близу 245 илјади евра, додека за целокупната доградба на собраниската зграда се потребни околу 235 милиони денари.