Собранието носи одлука за избор на членови на реформираниот ДИК

Собранието носи одлука за избор на членови на реформираниот ДИК

0
617

Собранието, на денешната собраниска седница, треба да усвои одлука за објавување на оглас за избор на членови на Државната изборна комисија, која, според најновите измени на Изборниот законик, ќе ја сочинуваат 9 члена (тројца од власта, тројца од опозицијата и тројца непартиски членови избрани со консензус).

Според предвидените услови, кандидатите на предлог на политичките партии треба да бидат македонски државјани, правници со најмалку петгодишно работно искуство и да не се членови на орган на политичка партија.

Што се однесува до непартиските предлози, пак, освен правничкото искуство и искуството од областа на изборите, не треба да бидат членови на орган на политичка партија во последните 2 години, носители на јавна функција и јавни поддржувачи на политиките на власта и на опозицијата.