Собранието под лупа во 5-та Изборна единица

0
464

Институтот за демократија во период од околу една година, мониторирал 120 седници од кои повеќето биле пленарни како дел од истражуањето проектот „ Собранието под лупа-Засилување на  политичката дебата и делиберативниот дискус “.Неколку критериуми биле условот за да се види како работи самото Собрание, како дискутриаат пратениците и што ќе покажат резултатите.Во Битола денеска се одржа петтата тркалезна маса на која пред присутните се презентираа завршните публикации и се дискутираше „ Како дебатираат пратениците?“.

jane

Јане Димоски од Институтот за демократија, вели дека првиот впечаток што го добиле е дека пратениците доаѓаат со однапрет искреиран став, скоро зациментиран и истите не биле флексибилни, во висок процент пратениците не го менувале ставот, додека само во 14% имало промена на став.

Крајната цел на овој проект е работите да се променат.

Димески додава дека тешко ги добиваат пратениците за учество на тркалезните маса со оправдување дека имале голем ангажман во Парламентот.

Единствен присутен, некогашен пратеник, беше Слободан Најдовски , кој истакна дека, неможе да се прави споредба со периодот кога тој бил на позиција пратеник и сега, кога до пред еден месец Собранието немаше целосна опозиција, но сепак препознавал  дека нема парламентарно мнозинство.

slobodan

Слободан Најдовски како поранешен пратеник рече дека треба да се работи јавно пратениците да ја подобрат својата позиција, преку јавни дебати со цел целокупната работа на Собранието да се подобри и да се напушти денешната слика дека нема парламентарна демократија.

Зарди ангажманот во Собранието,соа актуелната состојба во земјава, поканетите пратеници го оправдале своето не присуство.