Собранието се распушти

0
284

Заврши мандатот на актуелниот пратенички состав. Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски се заблагодари на пратениците за нивното учество во овој парламентарен состав и констатира дека нивниот мандат заврши.

Ова подразбира дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 5 јуни.

Пратениците од Социјадемократскиот сојуз на Македонија не присуствуваа на седницата. Попладнево министрите и замениците министри на СДСМ поднесоа оставки, но Собранието вечерва не ги констатираше нивните оставки. Ова подразбира дека тие и натаму треба да ја извршуваат работата на министри и заменици министри.

www.mkd.mk