Собранието се самораспушти

0
339

Со 72 гласа „за“ , еден „против“ и 6 „воздржани“ пратениците вечерва ја усвоија одлуката за распуштање на Собранието, која ќе стапи на сила на 24 февруари. Воздржано гласаа пратениците од ДПА.

Во неколкучасовната дискусија пратениците од ВМРО-ДПМНЕ аргументираа дека со парламентарните избори на 24 април ќе се стави крај на политичката криза што и беше наметната на Македонија и државата ќе продолжи со реформите, развојот и подобрување на состојбите. Против одлуката дискутираа пратениците Павле Трајанов и Лиле Поповска кои оценија дека избори дека без опозицијата ќе значат продлабочување на кризата и уривање на Договорот од Пржино.

Претседателот на Собранието веднаш по прекинувањето на оваа седница, за во 22 часот закажа нова седница на која треба да се избира преодната Влада со која ќе раководи Емил Димитриев.