Собраниска седница за јавниот обвинител в сабота

0
175

Претседателот на Собранието Талат Џафери за сабота, 25 ноември, ја закажа седницата на која треба да биде именуван нов јавен обвинител на Република Македонија. Владата му предложи на Собранието за јавен обвинител на Република Македонија да биде именуван Љубомир Јовески, член на Советот на јавни обвинители. Постапката за избор на нов јавен обвинител се одолжи поради локалните избори што се одржаа во минатиот месец. Јавното обвинителство на Република Македонија остана без прв човек откако Марко Зврлески на 17 август оваа година беше разрешен од должноста. До именувањето нов јавен обвинител, оваа функција ја извршува Лилјана Спасевска.