Собраниска седница за поплавите

0
454

Со едноминутно молчење, пратениците на денешната седница им оддадоа почит на загинатите во поплавите од 6 август.

Седницата се одржува на предлог на пратеничката група на СДСМ, а нејзиното одржување беше поддржано и од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Пратеникот Благоја Стојановски од СДСМ рече дела целта на седницата е да се донесат заклучоци и да им се помогне на оние кои беа погодени од невремето. Тој побара да се донесат конкретни мерки за помош на настраданите, најпрвин со авансна помош, потоа и да се направат проценки. Тој ги повика инстутуциите на одговорност за ненавременото превземање на помош. Според него, за она што се случи некој треба да понесе одговорност.
„Сакам во текот на наредната недела, откако ќе дојде информацијата за вкупно поплавената стамбена површина, да им се дадање аванска помош за санација на домовите или сите тие ќе треба одновно да ги обвноват домовите. Треба да се определи сума од минум 50 евра по метар квадратен поплавена површина“ – рече Стојановски.
Министерот за здравство и вицепремиер, Никола Тодоров вели дека невремето било природен феномен кој не можел да се превиди.
„Дали државата можела да се справи со невремето и со последиците? Државата со сите свои институции, армијата, полицијата, волонтерите и хуманитарните организации направија и правата се што е во нивна моќ на терен да се обезбеди нормализирана ситуација и да се санираат штетите“. – рече тој.
На седницата се обратија и министерот за одбрана, Зоран Јолевски кој рече дека армијата од денот на поплавите, веднаш отишла на терен за помош. Минситерот за внатрешни работи, Митко Чавков рече дека МВР се ставило на располагање со целата механизација и ресурси.
На седницата се присутни многу министри, првите луѓе на Центарот за управување со кризи, Сузана Салиу и на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу. По кратката пауза, седницата продолжи и на говорницата излезе Софија Куновска која побара морална, политичка и кривична одговорност за секој кој неодговорно се однесувал и работел и придонел несреќата да добие катастрофални последици.
Во невремето во скопско се удавија 22 луѓе.