Собраниската седница е презакажана, Џафери ќе оди на прославата на Денот на АРМ

0
469

Претседателот на Собранието Талат Џафери ја презакажа денешната седница и наместо во 11 часот, таа ќе почне во 15 часот.

Во кабинетот на Џафери велат дека поместувањето на терминот е поради негово учество на активностите што се одржуваат по повод Денот на АРМ. Во Воениот музеј, ќе биде отворена изложбата посветена на Јубилејот „25 години Армија на Република Македонија“, на која ќе присуствува собранискиот претседател.

Во 15 часот, како што информираат собраниските служби, ќе продолжи  осмата седница на Собранието.

По завршување на осмата седница на Собранието на Република Македонија ќе продолжи шестата седница на која се очекува да се гласа за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски откако вчера заврши расправата по оваа точка. По нејзиното завршување ќе продолжи петтата седница.

http://plusinfo.mk

 

Без коментари