Собраниската седница продолжува во вторник

Собраниската седница продолжува во вторник

0 251

Собранието и денеска го заврши продолжението на конститутивната седница во 18 часот, а како што најави претседавачот со седницата, Трајко Вељаноски со работа ќе продолжат по Велигден, во вторник.

Од СДСМ повторно го прозваа претседавачот Трајко Вељаноски дека не го почитува Деловникот затоа што им дозволува на пратенициит да зборуваат на теми кои не се во допир со точката на дневниот ред – за изборот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во своите реплики и контрареплики бараа СДСМ да се откаже од платформата од Тирана и дека тоа е клучот за излез од политичката криза или да се распишат предвремени парламентарни избори заедно со локалните.

Коментарите се затворени.