Софија Куновска си поднесе оставка, но останува во партијата

0
349

Софија Куновска си поднесе оставка од функцијата Претседател на градска организација на СДСМ на денешниот Центарлниот одбор на партијата, но останува во партијата. Куновска која беше пратеничка во последниот пратенички состав ја нема на листите. Куновска рече дека дава оставка од свои лични и морални причини.

Според неофицијални информации, таа ја поднела оставката со образложение дека сака да ја заштити организацијата која ја претставува и која што очигледно е потценета. Политичкиот ангажман го продолжува во партијата во која, како што соопштила, посветено ќе дава придонес во кампањата за рушење на режимот на Груевски.

И досегашниот пратеник на СДСМ Горан Сугарески реагирал по објавувањето на пратеничките листи на Зоран Заев каде што го нема и неговото име.