Софија Лорен почесен граѓанин на Неапол

0
618

Легендата на италијанскиот и светски филм, Софија Лорен е прогласена денеска за почесен граѓанин на Неапол, град во кој таа порасна и сними многу филмови.

Градоначалникот на Неапол, Луиџи де Маџистрис, и оддаде почит на 81-годишната Лорен на свечена церемонија на која имаше околу 500 граѓани.

Во изјава за италијански медиуми таа рече: – Чувствувам многу љубов.

Нејзината најпозната изјава е од одамнешно интервју во кое нагласи дека не се чувствува како Италијанка. – Јас сум од Неапол. Тоа е сосема друга работа, потенцираше Софија Лорен.