Солар Импулс оштетен при слетувањето во Јапонија

0
178

Револуционерниот авион Солар Импулс 2, кој заради лошите временски услови мораше да слета во Јапонија, е оштетен и ќе мора да причека најмалку една недела пред да може повторно да полета.

„Поправката ќе трае една недела. Дојде до помали дефекти, ништо важно“, рече пилотот Андре Боршберг пред новинарите во среда вечер на аеродромот во Нагоја.

И покрај заштитата што ја презема екипата, едно од крилцата било оштетено при слетувањето, додека Солар Импулс 2 мораше да остане неколку часови на пистата, изложен на ветер, дожд и горештини, очекувајќи изработка на покрив изработен по мерка, а упатен итно со товарен авион од Кина.

Леталото е прилично широко за да влезе во класичните хангари(72 метра), не поднесува воздушни турболенции и не може да издржи временски непогоди, дури и на тло.

Огромниот шатор на надувување пристигна дури во вторникот вечер, истовремено кога и логистичката екипа, а потоа беа потребни десетина часови работа за да се постави.

Кога поправката ќе заврши, Солар Импулс 2 ќе мора да чека период на стабилно време за да може повторно да полета кон Хаваите.

„Сезоната на дождови почнува во Јапонија, но ќе има и сончеви моменти и еден таков ќе одбереме за полетување и движење можеби повеќе кон север“, за да се заобиколи фронтот на пореметување и да се стигне до Хаваи“, појасни Боршберг.

Крилата на авионот Солар Импулс 2 се прекриени со повеќе од 17.000 соларни панели. На пат околу светот полета на 9 март од Абу Даби, а целта на операцијата е мотивација за користење на обновливи извори на енергија, посебно на сончевата енергија.

Вкупно треба да помине 35.000 километри со скромна просечна брзина меѓу 50 и 100 километри на час во 12 етапи во период од пет месеци и да се врати во Абу Даби. /крај/хн/ст

Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax