Солунскиот фронт историски подзаборавен

0
622

Постојат веќе 41 година во Виена, Австрија, како здружение на граѓани кое се занимава со повоена историја. Членовите се историчари, хемичари, дипломати, офицери, подофицери, собираат воени предмети секаде каде одат. Денеска беа во Битола. На германските гробишта, положија венец со цвеќе и за загинатите војници се помолија.

 

elvin

Др. Ервин Шмидл претседател на здружението проговори за тоа дека Македонија во повоената историја, Солунскиот фронт се подзаборавени, затоа тие ја прават оваа екскурзија во земјава за да се потсетат на нештата од тој период.

Вчера беа во Куманово, од „ германски“ заминаа во Музејот да ја посетат Собата на Кемал Ататурк, по што патуваат за Крушево за да се запознаат со 1903 година. Ова здружение не се интересира само за воените периоди на нивната земја, туку воопштено, за сите земји кои биле воени зони во минатото.