Солза и смеа не оди на одмор

0
639

 

За сите оние кои немаа можност да ја проследат најновата претстава на Солза и смеа, Разбуди се Като, оваа екипа која ќе ве насмее до солзи, ќе ја изведе повторно на 4 ти август од 20 часот во Центарот за култура.

Идејата за поставување на овој текст на Милан Гргиќ, познат хрватски автор, датира одамна.
Претставата е полна со шеги. Во неа Никола ги праќа жената и бабата на село за да повикаат со пријателите стриптизерка и да ја снимаат. Кога таа доаѓа, наместо таблета за глава, и даваат таблета за спиење, па потоа не можат да ја разбудат.
По изведувањето на претставата во Битола, од Солза и смеа најавија дека планираат претставата да ја изведат и во други градови во земјава и надвор од неа.

Во претставата играат Александар Димитровски, Димитар Михајловски,Никола Тргачевски, Валентина Кожовска, Марјанчо Ѓорѓиевски, Катерина Петровска, Ангела Тасевска, Владимир Ивановски Дади.

После прославата од 20 годишнината од постоењето на Солза и смеа и после турнеата во Австралија, оваа екипа се подготвува за уште една голема турнеја .