Солза и смеа поставија хрватски автор на сцена

0
329

После прославата од 20 годишнината од постоењето на Солза и смеа и после турнеата во Австралија, Солза и смеа подготвија нова претстава. Се работи за комедијата „Разбуди се Като“ која Солза и смеа ја изведоа во Центарот за култура.
Идејата за поставување на овој текст на Милан Гргиќ, познат хрватски автор, датира одамна.
Претставата е полна со шеги. Во неа Никола ги праќа жената и бабата на село за да повикаат со пријателите стриптизерка и да ја снимаат. Кога таа доаѓа, наместо апче за глава, и даваат таблета за спиење, па потоа не можат да ја разбудат.
По битолската премиера, од Солза и смеа најавија дека планираат претставата да ја изведат и во други градови во земјава и надвор од неа.

По 5 годишна пауза во Солза и смеа се врати Владимир Ивановски Дади.

Во претставата уште играат Никола Тргачевски, Димитар Михајловски, Валентина Кожовска, Марјанчо Ѓорѓиевски, Катерина Петровска, Ангела Тасевска.

За сите оние кои немаа можност да ја погледнат првата премиера, уште една изведба има денес со почеток од 20 часот во Центарот за култура.