Солза и смеа ја освои театарската сцена во Австралија

0
858

Во рамките на 20 годишнината на постоењето на Солза и смеа, оваа година тие гостуваа во Австралија.

Жени на власт, е претставата, со која освен што ја имаа турнејата низ Македонија, ја одиграа и во 5 градови во Австралија.

Тамошната публика ги полнеше салите до последно место и често ги враќала актерите на бис.

Покрај претставите неуморната екипа на Солза и смеа, снимија и неколку скечеви, кои нивните фанови наскоро ќе имаат можност да ги погледнат.

Роденденската претстава со која Солза и смеа го прославија 20 годишното постоење беше Аудиција, која битолчани наскоро повторно ќе ја гледаат.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY