„Сомнителен пакет“ најден на аеродром

0
263

Аеродромот „Џон Ленон“ во Ливерпул синоќа беше затворен  откако e забележан „сомнителен пакет“.

Повикани биле екипи за демонтирање бомби додека патниците се задржани во авионите за нивна безбедност. Тие на социјалните мрежи пишуваа дека се во авионите и дека полицијата не ги пушта да влезат во аеродромската зграда.

Портпаролот на аеродромот првично потврди дека е најден „сомнителен пакет “ и пренесе дека дека полицијата ги презела сите безбедносни мерки.

Тим за демонтирање бомби на Армијата подоцна потврди дека аеродромот е безбеден.

Околу 1.000 патници беа засегнати од синоќешната евакуација на аеродромот.

Без коментари