Сон на летната ноќ на сцената на Битолскиот театар

0
302

Сон на летната ноќ, односно Сон во ноќта спроти Иванден, од Шекспир, а во режија на режисерот од Калифорнија , Џон Блондел, на 13-ти октомври на сцената во Битолскиот театар . Претходниот период екипата на Народниот театар-Битола, го изведе музичко-сценскиот перформанс „Шекспир засекогаш“, на интернационалниот фестивал во Израел- Акко.
Перформансот е составен од музичка програма што ја изведе култниот битолски бенд „Фолтин“ и монолози од повеќе драми на Шекспир, како „Магбет“, „Ромео и Јулија“, „Ричард Трети“ и „Кралот Лир“, а пред ова гостување се претставија на неколку театарски фестивали.
Веднаш после премиерата во Битола, битолскиот тетатар продолжува со подготвување на две нови претстави како и подготовките за роденденот на театарот на 14 ти ноември.
Уметничкиот директор Илина Чоревска на денешната прес конференција, ја искажа својата благодарност кон режисерот Блондејл за долгогодишната соработка.
Режисерот Блондејл истакна дека за него е посебно задооволството повторно да дојде овде. Битолската публика ќе има  можност да погледне едно поразлично од досегашните читања  на делото на Шекспир, дело кое на режисерот е едно од омилените.

Во претставата играат актерите Петар Горко, Илина Чоревска, Никола Пројчевски,
Марјан Ѓорѓиевски, Викторија Степановска-Јанкуловска,
Маја Андоновска-Илиjевски, Слободан Степановски,  Александар Стефановски,
Огнен Дранговски,  Катерина Аневска, Петар Спировски, Соња Михајлова,
Јулијана Мирчевска, Валентина Грамосли,
Менка Бојаџиева, Јулијана Стефановска, Елена Моше.

Претставата Сон на летната ноќ, во Битолскиот театар првпат ја режирал Слободан Унковски  во 1984 година.
Драматург на претставата е Билјана Крајчевска,
костимограф Благој Мицевски, сценограф Валентин Светозарев,
музика Александар Димовски.