Соња Верушевска и Бранко Палифров, ќе се бранат од слобода

0
304
Соња Верушевска и Бранко Палифров, обвинети во случајот „Пуч“ за шпионажа и насилство против највисоки државни функционери ќе се бранат од слобода.
Со гаранција во одреден износ што се состои во хипотека на недвижен имот на двајцата им се орпеделува мерка за претпазливост односно одземање на патните исправи за преминување на државната граница.
По правосилноста на ова решение, се наложува на Агенцијата за катастар на недвижности да стави хипотека на недвижниот имот даден како гаранција , а по запишување на имотот, двајцата обвинети да бидат пуштени да се бранат од слобода.
Во притвор од случајот „Пуч“ останува само првообвинетиот екс разузнавач – Зоран Верушевски. Првото рочиште е закажано за една недела.