Сончев, топол викенд

0
384

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност Попладне во планинските подрачја е можна изолирана појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. УВ индексот ќе биде 8.

И утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и услови за појава на краткотраен дожд во планинските подрачја. Дневните температури ќе се движат од 29 до 37 степени.

Во понеделник максималните дневни температури ќе се движат од 25 до 34 степени, а во попладневните часови  можни се поројни врнежи од дожд.

Во вторник времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, посвежо, ветровито со засилен северен ветер и дневни температури од 22 до 29 степени.

Без коментари

LEAVE A REPLY