Сончев викенд, од понеделник облачно и врнежи од дожд

0
462

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен западен ветер, особено во западните делови и на повисоките места и планините.

Дневната температура ќе се движи од 22 до 34 Целзиусови степени.

Утре попладне ќе има услови за краткотраен дожд само во планинските подрачја. Во почетокот на наредната работна седмица се очекува зголемување на облачноста, а времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Најврнежливо се очекува да биде во вторник кога на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а во среда и засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на дневната температура.