Сончев викенд

0
501

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Преку ден ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.

Дневната температура ќе се движи 10 до 19 Целзиусови степени – Маврово 10, Охрид 16, Битола 17, Дојран 18, Берово 14, Кавадарци и Скопје 19…

Во наредните денови времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Утре дневните температури ќе се движат од 13 до 20 степени, а од понеделник ќе достигнуваат и до 23 степени.