Сончево и многу топло

0
169

Времето во сабота ќе биде сончево и топло со мала локална облачност и слаб ветер, претежно од североисточен правец.

Попладне на крајниот запад со услови за краткотрајна нестабилност. УВ индексот ќе има висока вредност 9.

Максималните дневни температури ќе достигнат меѓу 27 во западните делови и до 38 Целзиусови степени во централните и јужните региони.

Особено топлото време во текот на викендот ќе продолжи и на почетокот на следната седмица, кога дневните температури во делови од Повардарието ќе надминат и 40 степени./крај/ухмр