Сончево и потопло

0
400

Во Македонија денес посвежо утро со утрински температури кои се движат во интервал од 7 до 18 степени. Во текот на денот сончево и потопло, со максимални температури кои ќе достигнат до 23 односно до 34 степени. Ќе дува доумерен слаб северозападен и североисточен ветер. УВ индексот ќе има вредност 9.

Во наредните денови во Македонија ќе биде сончево и се потопло со пораст на температурите кој ќе го достигнат и надминат просекот за овој период од годината. Во сабота не очекуваат температури кои ќе се движат од 26 до 37 степени, а во недела тие ќе достигнат до 27 односно до 37 степени. Дополнителен пораст на температурата се очекува во понеделник и вторник, кога дневните температури ќе се движат од 29 до 39 степени, односно од 30 до 40 степени во вторник.