Сончево и суво, од петок и до 17 степени

0
403

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево со слаб ветер од северен правец. Вдолж Повардарието и источите делови од земјата повремено ќе дува умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од -7 до 1, а дневната од 5 до 12 Целзиусови степени.

Во наредните денови ќе преовладува сончево време со ниски утрински температури. Утре ќе има услови за појава на утринска магла по котлините. Позначителен пораст на дневната темпоература ќе има в петок и за време на викендот кога дневните температури ќе се движат во интервал од 9 до 17 степени.