Сончево и топло

0
296

Денеска времето ќе биде претежно сончево со слаб северен ветер. Максималната дневна температура ќе достигне до 32 Целзиусови степени.

Во Битола до 29 степени.

Следува период на стабилно, сончево и топло време со мала до умерена облачност. Температурите ќе бидат во постепен пораст – утре до 33, во понеделник до 34, а во вторник максималната дневна температура ќе достигне до 35 степени. Локални врнежи од дожд се очекуваат во среда кон крајот на денот и во четврток, кога дневната температура благо ќе опадне, прогнозира УХМР Македонија.