Сончево и топло

0
297

Сончево и топло, со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен северен ветер
Минималните температури ќе се движат од 12 до 20 Целзиусови степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 29 до 36 степени.

В среда попладне и кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста и услови за краткотраен локален дожд со ретки грмежи.

Во четврток  попладне се очекува да има развој на нестабилна облачност која ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, на места во форма на невреме.

Во петок претпладне сѐ уште се можни слаби и локални врнежи од дожд а преку денот ќе настапи повторно стабилизирање на времетo. /крај/ухрм