Сончево и топло до среда, од четврток дожд

0
202
 

Сончево и топло време не очекува до средината на оваа работна недела, односно до среда. Според најавите од УХМР, од четврток не очекува облачно време со локален краткотраен дожд и грмежи.

Сончево и топло време, со слаб ветер од југоисточен и јужен правец ќе преовладува денес во Македонија.

Според најавите, утринската температура ќе се движи од 9 до 17, а дневната од 31 до 37 степени. УВ индексот ќе има вредност 7.