Сончево и топло и УВ индекс 9

0
343

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер, каде повремено ќе достигнува брзина и од околу 70 километри на час. УВ индексот ќе биде 9.

Дневните температури ќе бидат 33 Целзиусови степени во Скопје, 24 во Маврово, 29 во Охрид, 35 во Гевгелија, Битола 32, Кавадарци 34, Крива Паланка 29, Берово 28…

Утре во вечерните часови, како и во среда попладне и во текот на ноќта кон четврток ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Температурите ќе бидат во благо опаѓање, прогнозира УХМР Македонија.

www.mkd.mk