Сончево и топло со слаб ветер

0
307
World4free.in

Времето во Македонија ќе биде претежно  сончево и доста топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста и  услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд со грмежи, кои повеќе ќе бидат изразени во западната половина на земјава. Ќе продолжи да  дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура во земјата ќе биде во интервалот од 14 до 21 степен, а највисоката се очекува да достигне од 31 до 38 степени. УВ  индексот ќе има вредност 9.

Во Охридско-Преспанскиот регион температурата на воздухот ќе достигне до 32 степени, а во Дојранскиот регион до 38 степени.