Сончево и топло со температура до 37 Целзиусови степени

0
303

Времето денеска ќе биде сончево и топло. Во попладневните часови се очекува умерена облачност. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. УВ-индексот ќе изнесува 9.

Дневната температурата ќе се движи од 28 до 37 Целзиусови степени.

За време на претстојниот викенд, особено во западните делови од земјата, ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.