Сончево и топло, викендот со температури околу 30 степени

0
243

Сончево и студено утро имаме и денес во Македонија. Насекаде имаме претежно сончево време, само во крајните југозападни предели имаме појава на локална облачност.

Во текот на денот ќе биде сончево и топло време. Ќе дува доумерен слаб североисточен и северозападен ветер. Утринските температури од 1 до 10 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 15 односно до 26 степени. УВ индексот ќе има вредност 5.

Во наредните денови Македонија ќе биде под влијание на поле на висок воздушен притисок, поради силното влијание на Азорски Антициклон се очекува и продор на топла воздушна маса од југозапад која ќе донесе и повисоки температури кон крајот на неделата. Во среда и четврток сончево со дневни температури од 16 до 27 степени, односно од 18 до 29 степени. Сончево и потопло време во петок и сабота кога се очекуваат и повисоки утрински и дневни температури. Утринските температури од 5 до 14 односно од 6 до 15 степени, додека пак максималните ќе се движат од 20 до 31 односно од 21 до 32 степени.