Сончево и топло, во Битола до 31 степен

0
455

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност во попладневните часови. Ќе дува слаб ветер од источен правец.

Утринската температура се движи од 13 до 21 Целзиусов степен, а максималната дневна ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Битола до 31 степен.

Од утре мало заладување, со локален дожд.