Сончево и топло, во Битола до 33 степени

0
318

Во Македонија денес ќе биде претежно сончево со  услови појава на слаба локална облачност во крајните западни предели и топло. Ќе дува доумерен слаб северозападен и североисточен ветер. Утринските температури од 13 до 22 степен, додека пак максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 28 до 38 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.

Во Битола сончево и топло со температура до 33 степени.

Во Македонија во четврток и петок ќе продолжи сончевото и надпросечно топло време со максимални температури кои ќе се движат од 28 до 38 степени. Во сабота претежно сончево со локална облачност и топло, во доцните попладневните и во вечерните часови во југозападните и западните предели нестабилно со локални врнежи од дожд и дневни температури од 28 до 38 степени. Во недела претежно сончево и топло, попладне нестабилно со врнежи од дожд кои повеќе ќе бидат изразени во западните предели. Температурите од 26 до 36 степени.