Сончево и топло, во Битола до 33 степени

0
569

Денес по свежото утро во текот на денот ќе биде сончево и многу потопло со дополнителен пораст на максималните температури. Ветерот ќе го намалува својот интензитет и се очекува да дува доумерен слаб северозападен и североисточен ветер. Утринските температури од 8 до 18 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 26 односно до 37 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.

Во понеделник и вторник промена на временската состојба. Умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици и посвежо со пад на максималните температури кои ќе се движат во интервал од 25 до 35 степени.