Сончево и топло, во Битола до 34 степени

0
279

Времето денска сончево со мала до умерена облачност и доста топло со над просечни дневни температури за овој период насекаде. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер, а во западните делови повремено ќе засилува. Утринските температури од 9 до 16, а дневните од 30 до 37 степени. Во Битола до 34 степени.

Во понеделник над просечно топло ќе биде кон југот и истокот од земјата. Во среда и четврток ќе има зголемена облачност со појава на повремен дожд, претежно во западните делови, ќе дува повремено засилен ветер, а температурите значително ќе опаднат.