Сончево и топло, заладување од в недела

0
397

Сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а во источните од јужен правец.

Минималните температури ќе се движат од од 14 до 22 степени Целзиусови, а максималните дневни ќе бидат во интервал од 33 до 40 степени. УВ индексот ќе биде многу висок со вредност 9.

Во сабота во текот на денот ќе има зголемување на облачноста и ќе дува засилен југозападен ветер, но дневната температура се уште ќе се задржи висока. Во вечерните часови и преку ноќта кон недела ќе има врнежи од дожд и грмежи, а најобилни врнежите се очекува да бидат во североисточните делови.

Во недела ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе се намали, на места и за повеќе од 10 степени во однос на сегашната.

Од понеделник ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура, но во рамките на просекот за овој период од годината. ухмр

http://makfax.com.mk

Без коментари