Сончево и топло, жолта фаза во наредните три дена

0
168

И денеска Македонија ќе биде во т.н. жолта фаза на метеоалармот. Тоа значи дека и денеска ќе имаме сончево и топло време со максимални дневни температури и до 38 Целзиусови степени.

Максималните дневни температури денеска ќе бидат во Скопје 37 степени, Тетово 35, Маврово 25, Куманово 36, Дебар 34, Штип 36, Крива Паланка 33, Виница 35, Свети Николе 36, Берово 31, Струмица 36, Радовиш 37, Дојран 37, Гевгелија 38, Кавадарци 36, Крушево 29, Прилеп 33, Битола 34, Охрид 31, Претор 30…

Утре на југот од земјата ќе имаме температури и до 40 степени, а во четврток од 32 до 39 стеепени со слаби локални врнежи од дожд. Во петок дневните темпеератури ќе се движат од 29 до 36 степени со можни слаби, локални врнежи од дожд.