Сончево и топло

0
481

Во текот на денот ќе биде претежно сончево и доста топло за овој период од годината. Ќе дува доумерен слаб југоисточен ветер. Утринските температури од 0 до 9 степени, додека пак максимални температури кои ќе бидат високо над просекот за овој период од годината и ќе достигнат до 15 односно до 25 степени, температури кои што се и за 8 до 10 степени над просечните.

Македонија и во наредните денови ќе биде под влијание на поле на висок воздушен притисок и продор на топла воздушна маса од југ кои што ќе условат претежно сончево и надпросечно топло време. Во среда утринските температури од 2 до 9 степени, а во текот на денот сончево и дневни температури од 15 до 25 степени. Во четврток претежно сончево и топло време, попладне зголемување на облачноста. Минималните температури од 3 до 10 степени, додека пак максималните дневни од 16 до 26 степени. Во петок и сабота претежно сончево и топло време со речиси идентични температури, минималните од 5 до 11 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 16 односно до 26 степени.