Сончево и ветровито

0
373

Претпладнево претежно сончево низ земјава. Зголемување нна облачноста се очекува попладне, а локално  во северниот крај облачноста може да донесе и повремени врнежи од дожд, кој во североисточниот крај можно е да биде проследен со грмежи. Навечер повторно се очекува разведрување.

Околу пладне и попладне ќе дува умерен југозападен ветер.

Температура ќе има максимална вредност помеѓу 21°С и 24°С во котлините во западниот крај. Долж повардарието и североисточниот крај се очекува максимална околу 25°С, додека југоисточниот крај очекува максимална околу 28°С.

Во Битола до 22 степена.