Сончево и ветровито

0
292

Времето денеска сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северозападен ветер поизразен вдолж Повардарието. Т-мин. од 5 до 11 а т-макс. 17 до 27 степени.

Во Битола сончево време со североисточен ветер и дневна температура до 22 степена.

Утре ќе се врати повремено силниот западен ветер и ќе биде и нестабилно на повеќе места, особено на северот и истокот од земјава. Пооблачно и ветровито со северен ветер ќе биде и во понеделник и вторник, кога под влијание на нов влажен бран врнежи од дожд се очекуваат во поголемиот дел од земјава. Позначително но не и долготрајно спуштање на температурата се очекува од среда.